На покана на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Р.Македонија, од 15-18 август во нашата земја ќе престојуваат  новинари од националната телевизија на Хрватска ХТВ.

Целта е презентирање на туристичките потенцијали на Македонија пред хрватската јаност,  а во фокусот на нивното внимание ќе бидат Крушево,Охрид,Струга и Вевчани.

Воедно агенцијата изразува големо задоволство што според  статистичките податоци за месец јуни 2009 година, бројот на странските туристи е зголемен за 19.7% во однос на истиот месец од 2008 година.Во периодот јануари-јуни 2009 година во однос на истиот период од претходната година имаме зголемување на бројот на странските туристи од 9.5%, додека бројот на ноќевања од странски туристи е зголемен за 6.1% во однос на истиот период од претходната година.

Ohridnews