Во мојот народ е мојот оптимизам, вели Никочле Талевски, прдводникот на листата во 5 Избортна единица (Битола – Охрид) на новиот политички субјект ИНТЕГРА (Македонска конзервативна партија), кој за прв пат ќе учествува на парламентарни избори кај нас. Со него разговаравме во предвечерието на предизборната кампања, која според него ќе биде валкана. Тој е оптимист дека е дојдено време за нова опција во македонскиот политички блок, која, според него има и програма и визија и проекти да ги промени работите во земјата на подобро. Николче Талевски е роден во Битола. Семејно тој е сопруг и татко. Професионално е дипломиран сообраќаен инженер и доктор на технички науки област сообраќај со 80 научни и стручни трудови. Вештак од област сообраќај и учесник во близу 300 вешти наоди каде самостојно, каде во супер вештачења. За себе вели дека е вљубеник и серизно голем патриот кој ако би одбирал друго место за живеење од Битола со сигурност тоа би било Охридското или Струшкото крајбрежје кое, како што цели, „за мене е бисер во светски рамки.“ Овие градови заедно сите од изборната единица 5 заслужуваат поинаков поглед кој до сега го немале. Тоа е мој поттик за денес и за иднина и затоа со мојата досегашна биографија се надевам дека оваа изборна единица ќе ја препознае мојата желба за поинаку од досега, вели Талевски.
ON: За прв пат на парламентарни избори ќе трча партијата ИНТЕГРА. Кој е адутот на овој нов политички субјект?
Н. Талевски: Да ИНТЕГРА МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА е за прв пат учесник на овие избори. Адут на оваа партија е тоа дека ние сме сите дел од овај црно бел свет овие 30 години и ние и патриотски и економски како Македонци сме оставени на раб на пропаст или ако сакате сме под дното на патриотски морал и економски опстанок. Затоа денес ние ветуваме поинаков патриотски поглед каде никој а не двајца тројца сегашни државници нема да ве страми кога ќе треба да патувате и никој нема да ве нарекува така како тие милуваат само дека зеле грст златници. Вие ќе бидете Македонци, Јас ќе бидам Македонец, Нашите деца ќе се раѓаат како Македонци. Срамното име ќе биде срам за првенците од двете црно бели партии. Економски Македонија заслужува богати граѓани и нема срамота секој да сака да биде богат особено доколку е богат со убавините на Езерото и секое богатство од друга страна ќе биде квалитет во животот.
ON: Вие сте носител во 5ИЕ, Битолски и Охридско – струшки регион. Како ќе се претставите во Охридско-струшкиот регион, што ќе им понудите на граѓаните од овој крај.
Н. Талевски: Честа е голема. Одговорноста поголема. Овај регион за мене значи поглед поинаку на Македонија. Овој регион ќе има поврзаност со брза железница помеѓу сите центри но и до Ресен па Охрид и Струга до Кичево и до Битола. Свети Наум – Охрид ќе има магнетни трамваи на гироскопски принцип во должина од 29 километри. Тоа ќе бие туристичка атракција но и функционална поврзаност на овај дел. Косел ќе има искористеност на геотермалната топлина. Охрид е дел од триаголникот Скопје-Струмица-Охрид, како значаен центар на економски поинаков поглед на Македонија а Битола ќе произведува енергија без да задагадува на база на ходроген. Но јас ќе понудам убав Охрид без уцена на урбаната мафија составена од сега моќници на ДУИ и сега активен градоначалник и активни браќа од Струмица. За Струга нема да има загадување со палење на отпадот, и колекторскиот систем е Наш приоритет за Вас и за убавините на овај крај. Воедно нудам чесност и достапност во секој момент од денот сега но и како избран претставник од овај регион заедно со кандидатите на нашата листа од сите градови и села од ИЕ 5 Јованчо, Дивна, Јагода, Бенито, Билјана, Антонио, Катарина, Александар, Ирена како и другите наши кандидати.
ON: Државни приоритети?
Н. Талевски: Топ приоритет. Враќање на името на државата во првите 100 дена од владеењето на ИНТЕГРА во внатрешна употреба. Овај договор нема правна основа, нема математичка поткрепа и нема човечка логика. Друг Приоритет: Правда за секого со тоа што правда ќе има без пардон. Понатаму приоритет: Нема прислушкување и следење, но ќе има обештетување на прислушкувани граѓани кои на број се 25 000. Ова дека едните признаа дека ги следеле а другите запреа а можеби и продолжија со поголем интензитет и слободата на поединецот е ТОП Приоритет на ИНТЕГРА.
Приоритет е и младите тука, богати пензионери, зголемен образовен стандард, здравствен систем со грижа на човекот и се друго кое е дел од нашата иборна платформа која секој треба да ја прочита пред да се одлучи да гласа било за нас било за тие кои тоа што ние го нудиме го сметаат за научна фантасика. Тоа така го сметаат затоа што немаат реализаторска моќ а тоа и во минатото го докажаа.
ON: Економски приоритети?
Н. Талевски: Погоре кажувам нешто за економската оска Скопје-Струмица-Охрид. Транспортната стратегија со 960 километри брза железница. Автопатски решенија во функција на врски со економијата. Економски слободните економски зони ќе бидат приоритет, а финалниот производ ќе биде наш топ економски моментум кој до сега никој не го направил. Ветуваме, знаеме и можеме, и затоа не се страмиме да кажеме дека Македонецот и секој кој живее и твори на ова парче земја заслужува да биде богат а не да работи за две богати фамилии и на крај да умира со гнев во душата дека е Македонец.
ON: Овие избори не се обични избори. Ќе се одржат во време на пандемија, која исто така е предмет на политички препукувања во земјата. Како здравствената криза може да влијае на изборите и како вие гледате на целата оваа ситуација?
Н. Талевски: Прогласија вонредна состојба со 6, а укинаа со 76 заболени и покажаа дека не им е грижа за Вас. Тие не знаат да менаџираат криза. Економски колабираа затоа што се зедоја за нив. Секој тендер се одлучува во Струмица сега, а предходно во Хотел Мериот и така креираат здравство и денес во пандемија. Здравствената состојба нема да влијае врз промената која доаѓа затоа што секој кој мислат дека нема да гласа, дека е нивни ќе бидат изненадени. Ќе бидат изненадени од своите кои ги потценуваат и им се смеаат дека им дале парче леб. Ги срамат во средините каде што живеет им одат од врата на врата, бараат по 20 гласачи, сакаат потврда за нивниот глас. Во време на пандемија зад параванот со маска и пенкало во рака ставете крај на нивното лудило. Сите здрави живи со придржување на мерки на дистанцирање да кажеме дека сакаме држава, сакаме здравје и тоа ќе го имаме. Воедно оваа состојба на посакувана минимална излезност да ја решиме со голема излезност над 80% и да ги испратиме во историјата на оваа наша Македонија оние кои играа и играат со Вашите животи.
ON: Дали очекувате некаква промена на силите на политичката сцена, со оглед на акумулираната моќ и испреплетените интереси околу најголемите политички субјекти. На што се темели вашиот оптимизам?
Н. Талевски: Македонецот е умен народ. Охриѓани, Стружани, Кичевчани, Битолчани, Крушевчани, ДемирХисарци, Дебарчани, Ресенчани се домаќини луѓе Вевчани има храброст, Маврово Ростуше има шмек, Долнени има природа, Дебрца има цврстина, Кривогаштани има чест Центар Жупа знае. Тие знаат дека се лажени 30 години. До сега немаа сериозна политичка опција но и гласачите сакаа да дадат шанса на едните и другите. Сега знаат дека не ги бива и дека со уцена држава не бидува и колку да е акумулирана моќта ова политиканско лудило заслужува казна. Македонецот со оптимизам гледал во ропство, дал жртви за своја слобода, и сега ќе даде глас на нормални луѓе патриоти и на модерни политики каде на пиедестал е Македонецот. Во мојот народ е мојот оптимизам
ON: Каква кампања очекувате?
Н. Талевски: Валкана од црно бел свет кој иако декларативно е за фер избори ама тоа не е реалност. И на крај очекувам победа на ИНТЕГРА МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА и заедно со вашите сограѓани Јованчо Спироски, Ирена Ристеска заедно со Дивна Јанкова која е врвен професионалец да сториме многу за Охрид и Струга и за цела ИЕ 5 бидејќи Вие заслужувате многу повеќе од тоа што можам Јас да посакам. Бидете благословени како што природата Ве благословила и гласајте без притисок и во голем број покажете дека ја сакате Македонија за Вас а не Македонија за Нив.
OhridNews