„Единствено селекторот не сака да разговара со нас, во „Спортске новости“ се појави еден текст кога беше ситуацијата Панчев – Хаџиристески со кој тој не беше задоволен па најверојатно поради тоа не сака да разговара со нас. Но ете, и вие велите дека не сака да разговара ни со вас. Што се однесува да останатите репрезентативци нема проблеми разговаравме со Пандев, Николоски… го чекаме Седлоски. Штета, јас знам дека тој има што да каже, интересен соговорник е, но што е тука е“ – вели Сушец.
И покрај силните најави и желбата топката да се легне на земја Хрватите веќе ги имаат впишано трите бода на контото .
„За жал да, Хрватска веќе ги има впишано трите бода. Нашите се уверени дека се подобри и тука е вашата шанса. Според мене ако до 80 мин не постигнеме погодок тогаш до крајот сигурно ќе примиме гол“ додава тој.
„Хрватска е лидер во квалификациската група , дванаесета е на светот , не се сеќаваме кога последен пат сме загубиле натпревар на домашен терен, единаесетмината на Хрватска и резервите се поквалитетни од своите македонски опоненти, ова се доволни аргументи зошто сметам дека Хрватска е фаворит во дуелот со Македонија“, вели Билиќ.
Малку повнимателен е дефанзивецот на Милан, Дарио Шимиќ кој предупредува дека „главната опасност ќе доаѓа од Горан Пандев. Тој (Пандев) има огромен напредок во играта во последната година, згора на тоа во овој момент е во фантастична форма.“
табела
1. Хрватска 10
2. Русија 8
3. Англија 7
4. Израел 7
5. Македонија 7
6. Естонија 0
7. Андора 0
М. Постолоски
Н. Цветанов