Во наредните три дена таа ќе снима репортажа за туристичките потенцијали на земјава, во која фокусот ќе биде ставен на Охрид, Крушево, Струга и Вевчани.
Хрватските новинари во Македонија допатуваа на покана на националната Агенција за промоција и поддршка на туризмот, како дел од стратегијата за промоција на туристичките потенцијали на земјата во светот. Претходно во Охрид престојуваа телевизиски екипи од Јапонија, Германија, Холандија, Србија и други.