„Хрватски искуства во користење на европските фондови“ е тема на трибината што денеска, во 10 ч. ќе се одржи во Големата сала на Општина Охрид.


Трибината ќе ја води М-р. Мануела Хрватин – советник за меѓународна соработка и европски интеграции на Истарска Жупанија. Во рамки на трибината ќе бидат одржани предавања на тема:

– Istra communicating Europe – во кое ќе бидат опфатени искуствата во меѓународната соработка и ЕУ фондовите на локално и регионално ниво;

– Eurodyssee program! – размена на млади.

Tрибината на која се поканети сите заинтересирани лица од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, ќе биде интерактивна и присутните ќе може да учествуваат со прашања, забелешки и слично, информираат од Секторот за туризам и локален економски равој.


Ohridnews