Најсериозниот кандиндат за преземање на македонската ракометна селекција Лино Червар не ја посакува селекторската фотелја. Червар за хрватските медиуми истакна дека крајно невозможно е да ја води селекцијата на Македонија.

– Во Македонија дојдов да работам со Металург, а не де ја преземам селекцијата. Во моментов имам премногу работа со ракометарите кои ја преставуваа Македонија на Светското првенство во Шпанија. Тие се истрошени и изморени затоа до првиот меч во Лигата на Шампиони имаме полни раце работа – рекол Червар.

Металург одисејата во ракометната Лига на Шампиони ќе ја продолжи со гостувањето во Словенија кај тимот на Горењ Велење.

Мх.П.