– Честитки за навивачите и за ракометарите. Моите избраниците одиграа натпревар за паметење додека навивачите беа навистина бучни што им создаваше голема тензија на противничките играчи. Кога ја променивме одбраната од (6-0) на (5-1) дојде и посакуваниот резултат, кој го одржавме до крајот на мечот – истакна Червар.
Мала доза на несреќа во маестралната игра Металург е повредата на младиот Дејан Манасков поради која тој го заврши натпреварот гпред време. За сериозноста на повредата ќе покажат лекарските прегледи кои ќе бидат извршени деновиве.
– Ќе беше совршено ако Манасков не се повредеше, но тоа е спортот. Се надевам дека не се работи за некоја посериозна повреда и крилото ќе го имам на распологање за слените предизвици во ЛШ – заврши Червар.