Хрватскиот пијанист Максим Мрвица, кој вечерва ќе настапи на сцената на „Антички“, на денешната прес-конференција изрази задоволство што ќе биде дел од реномираниот фестивал „Охридско лето“.

Како што тој потенцира, вечерва ќе настапи со репортоар кој долго ќе се памети на фестивалот.

Многу ми е мило што настапувам на еден ваков реномиран фестивал на кој настапуваат големи светски имиња, и особено пијанисти кои многу добро ги знам и се дел од светската музичка елита. Публиката што ќе дојде вечерва на концерт ќе биде задоволна од репертоарот што го избрав за оваа пригода.Избрав кросовер композииции од целата моја кариера, поточно од сите мои десет албуми и како и секогаш, ќе отсвирам еден помал блок класична музика.“ – рече Мрвица.

Тој откри дека во моментов настапува во регионот околу неговата родна Хрватска, како што се Црна Гора и Босна и Херцеговина, но и дека Азија е неговиот најголем пазар.

Азија е мојот најголем пазар. Таму секогаш се враќам, таму бележам најголеми успеси, најмногу концерти и најмногу продадени компакт-дискови.“ – додаде хрватскиот кросовер пијанист.

Селекторката на музичкиот дел на фестивалот „Охридско лето“, Гордана Јосифова –Неделковска, рече дека ова 54-то издание, меѓудругото, ќе се памети и по врвни пијанитички имиња коишто се предводници на светската  пијанистичка елита.

Врвната пијанистичка елита ја надополнуваме со ушт еден светски пијанист пред се, класичен пијанист којштовеќе одамна го потврди своето име на светската пијанистичка сцена, а меѓу другото е и најпродаваниот кросовер пијанист на целиот свет-Максим Мрвица. Иако на 11-годишна возраст се потврди неговиот извонреден талент и го имаше својот прв солистички настап со симфониски оркестар, со свои 30 години ги доби најголемите епитети од најстрогите музички критичари.“ – изјави Јосифова –Неделковска.

Според неа, со врвното музичко образование на музичката академија во Загреб, на академијата „Франц Лист“ во Будимпешта и во Париз, Мрвица покажал дека ќе биде пијанист за којшто долго ќе се говори.

Но она што од него направи мегаѕвезда е неговиот настап и неговите концерти како кросовер пијанист.Заради тоа, ние одлучивме оваа година, овој концерт, оваа програма, оваа изведба на „Охридско лето“ на светскиот пијанист, да ја посветиме на нашата помлада популација, но и на пошироката публика. Затоа се одлучувме Максим Мрвица да настапи со ваква програма.“ – потенцира селекторката на музичкито дел на фестивалот.

Инаку, концертот е вечерва со почеток од 21 часот на Античкиот театар во Охрид.

OhridNews