Во Охрид престојуваше почесниот конзул на Република Хрватска во Република Македонија, д-р.сц. Бранко Маретиќ со своите соработници меѓу кои и хрватскиот државјанин со македонско потекло, професор Јордан Атанасоски, директор на Центарот за цивилно општество за жупанијата Бјеловар.
При средбата со градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, покрај размената на мислења и информации за користењето на услугите што за нашите граѓани ги врши Конзулатот на Хрватска во Македонија, беше договорено да се интензивираат напорите за воспоставување и отпочнување на партнерската соработка помеѓу туристичките бисери во двете земји – Охрид и Дубровник, соопшти службата за информирање при локалната самоуправа.
Во тој контекст било разговарано за можностите за поконкретна соработка во повеке области, како и размена на исуства за зајакнување на цивилноо општество односно граѓанскиот сектор и невладините органзации на ниво на локална самоуправа.