На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле во 13:30ч. слета авион од типот Канадер ЦЛ415 на хрватското воено воздухопловство кој ќе се приклучи во гасењето на големиот пожар што ја зафати Битола.

Авионот на охридскиот аеродром наполни 1800 литри гориво и нешто пред 14:30ч полета кон Преспанското Езеро. Таму ќе  наполни 6200 литри вода кои заедно со уште 1200 литри пена за гасење пожар ќе бидат испуштени во зоната на пожарот во Битола.

Хрватскиот „Канадер“ е дел од помошта на странските држави што пристигнува на барање на Министерството за надворешни работи на Македонија за справување со големиот број пожари што ја зафати земјата.


Канадерот 1 минута по слетувањето денес


ОХРИД СОЛИДАРЕН СО БИТОЛА
        

Синоќа околу 23 часот во гаснењето на огнената стихија кај Битола, учествуваше и противпожарната единица од Охрид. Градот Охрид се одзва на апелот за помош во гаснењето на пожарот и едно противпожарно возило со комплетна екипа пожарникари од Охрид беше итно упатено во гаснењето на пожарот.
   
 Во истиот тој период, со цел да даде свој придонес во поефикасно справување со огнената стихија кај Битола, Локалната самоуправа од Охрид, обезбеди два автобуси за превоз на војниците од охридската Касарна кои се вклучија во синоќешната интервенција против огнената стихија

ohridnews