Авионот од типот„канадер“ на хрватското воено воздухопловство кој деновиве учествуваше во гасењето на големите пожари што ја зафатија републикава, вчера е повлечен во Хрватска.
Причина за повлекувањето на канадерот се големиот број нови пожари што ја зафатија Хрватска деновиве, а најлоша е состојбата на планината Велебит каде поради непристапноста на теренот и големиот број мински полиња гасењето е отежнато.
Канадерот во Македонија пристигна на 24 јули во вторникот. Веднаш по слетувањето на охридскиот аеродром се упати кон Битола каде учествуваше во гасењето на големиот пожар кој му се закануваше на градот.
хрватскиот „канадер“ на аеродромот во Охрид
И додека канадерот дејствуваше во Македонија хрватскиот министерство за одбрана се најде на жестока критика од домашната јавност зошто авионот наместо во гасењето на пожарите во Хрватска се испраќа во друга држава. Два дена подоцна канадерот е повлечен од Македонија.
Г. Момироски