На јавноста и на спортските работници најголем фаворит за селектор на ракометната селекција им беше тренерот на Металург, Лино Червар, но тоа нема да се случи. Според “Дневник“ потенцијален кандидат за селекторската функција е хрватскиот стратег Ивица Обвран.

Конкурсот што го објави Ракометна федерација на Македонија сеуште трае, а ќе заврши до среда. “Новата гардар“ на РФМ предводена од претседателот Живко Мукаетов до петок ќе треба да го назначат наследникот на Ѕвонко Шундовски.

Новиот селектор ќе има полни раце работа со македонската фаланга бидејќи ќе мора да ја врати во колосек за престојните квалификациски натпревари со Светскиот првак Шпанија за континеталниот собир во Данска.

Мх.П.