Сите говорат за примитивни национализми на Балканот, кои реално постојат, ги има хрватски, српски, албански, македонски и други, но никој не зборува за грчкиот примитивен национализам кој што исто така е дел од тој синдром и не и дозволува на една држава да се нарекува со своето име.
Ова денеска во Охрид го изјави познатиот хрватски интелектуалец и претседател на Хрватскиот центар за човекови права, Жарко Пуховски. Пуховски учествува на работнатата средба „Влијанието на пристапувањето кон ЕУ врз човековите права – македонски и хрватски искуства“, што во организација на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Центарот на човекови права од Загреб, Хрватска, се одржува во Охрид.
Актуелните случувања во и околу Македонија ги коментираше и Владимир Милчин -од Институтот отворено општество. Тој истакна дека Македонија во овој момент е во тешка состојба и по формирањето на малцинската влада не треба периодот до самитот во Букурешт да се претвори во лов на вештерки каде на разни начиниби се префрлала одговорноста за евентуалните отстапки во преговорите за уставното име.
Инаку на работната средба која е поддржана од програмата Исток – Исток: Прекугранични партнерства на мрежата од Соросови фондации,што денес и утре ќе се одржи во Охрид учествуваат 50-на интелектуалци, претствници на невладини организации и експерти од областа на заштита на човековите права од Македонија и Хрватска.
Учеснициите како што информираа организагторите, ќе имаат можност да се запознаат со најдобрите практики за промовирање на човековите права во правец на пристапување кон ЕУ, како и со постојните предизвици во областите од интерес во двете држави ЕУ аспиранти. Исто така ќе бидат разгледани законските механизни и модалитети за гаранција и унапредување на човековите права во ЕУ компаративно ќе бидат анализирани на настанот. Целта е Макединија и Хрватсска да разменат искуства од влијанието на процесот на пристапување кон Европската унија врз заштитата и унапредувањето на човековите права во нивните земји.
Г. Момироски
фото: Васко Бујароски