Хрватската полиција на преминот Батине, на хрватско – српската граница, спречила шверц на 11 килограми херион, јавија албанските медиуми.
Полицијата уапсила 20-годишен албански државјанин, при излез за Србија, со 11 килограми хероин. Тој е притворен, а постојат основи на сомнение дека е дел од организирана криминална група, која се занимавала со меѓународна трговија со дрога, неведуваат медиумте.
Дрогата, пакувана во 21 пакетчиња, ја открило обучено куче, при контрола на автомобилот за излез од хрватска територија.
OhridNews