„Денеска е историски ден за Хрватска и за ЕУ“, соопшти претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо.
Според него, со заклучувањето на последните четири поглавја е поплочен патот Хрватска да се приклучи во ЕУ како 28- ма држава членка од 1- ви јули 2013 година.
Баросо истакна дека зачленувањето на Хрватска во ЕУ е важен знак и за остатокот на Југоисточна Европа, бидејќи покажува дека проширувањето делува, дека ЕУ е сериозна во своите намери.
извор: Makfaks