Од ноќеска на полноќ Хрватска стана 28 членка на Европската унија по официјалното завршување на пристапните преговори со ЕУ на 30 јуни годинава и потпишувањето на Договорот за пристап кон ЕУ на 9 декември.
До влезот на Хрватска во ЕУ од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација поминаа 12 година, девет години поминаа од добивањето статус кандидат, додека преговорите за членство на Хрватска траеја шест години.