Македонската фудбалска репрезентација со пораз ги започна квалификациите за Светското првенство во Бразил 2014 година.


Хрватска ја совлада Македонија со 1-0 благодарение на голот на “џокерот“ Јелавиќ во 69 минута од мечот. И во третото гостување на Максимир “црвено-жолтите“ си заминуваат со празни раце.

Хрватска не брилираше но успеа да стигне до посакуваната цел, трите бода. Избраниците на Чеде Јаневски ќе жалат за пропуштените прилики посебно во првиот дел кога бевме подобар противник.

Ниту во вториот дел , домаќините не не` надиграа но успеаа да го казнат невниманието во одбраната и да забележат мошне значајна победа на стартот на квалификациите.

Во наредната рунда, Македонија и гостува на Шкотска.

М.П.