Хрватската репрезентативка Андреа Човиќ (21) од наредната сезона ќе го носи дресот на Жeнскиот ракометен клуб Вардар.

Човиќ во Скопје доаѓа од екипата на Подравка, а со македонскиот првак потпишала тригодишен договор.

Таа настапува на пивотменската позиција, таа е една од најталентираните европски ракометарки на оваа позиција.

Пивотменот е замена за искусната Шпанка, Бегоња Фернандез која го напушта Вардар по завршување на сезонава.

„Макфакс“