Репрезентацијата на Хрватска во одличен натпревар што се одигра вечерва во Арена Загреб, ја совлада Франција 31:28 во полуфиналето на Светското првенство во ракомет и во недела ќе играат за златен медал.
Хрватска бодрена од 15000 навивачи првото полувреме го одигра во транс. Триколорите немаа решение за зоната 5-1 на коцкестите кои на полувреме заминаа со +7.
Франција подобро го отвори второто полувреме и успеа да ја намали разликата на противникот на +4, но Хрватска успеа да ги одбие сите налети на противникот и заслужено славеше.
Во второто полуфинале утре вечер во Осло се среќаваат Данска и Португалија.
Г М.