Македонската ракометна репрезентација претрпе пораз 29-21 (17-12) од селекцијата на Хрватска на почетокот од турнирот во Умаг.


„Коцкастите“ уште на стартот од мечот обезбедија предност која беше недостижна за македонскиот состав.

Петте погодоци од првиот дел домаќините на турнирот ги преточија во триумф во вториот кој го добија со 12-9 за конечни 29-21.


Со шест голови најефикасен беше пивотменот Пешевски, капитенот Лазаров реализираше пет голови, а Талевски застана на три.

Во вториот дуел на „Кроација Купот“ во Умаг селекцијата на Македонија ќе се сретне со репрезентацијата на Црна Гора.

Ohridnews