Репрезентацијата на Хрватска ја совлада Италија со 7-3 и го освои златото на европското првенство што се играше во Загреб.


Популарните “баракуди“ во “ватрена “ атмосфера не им дадоа многу простор на азурите и во текот на целиот натпревар го диктираа темпото.

За избраниците на Ратко Рудиќ ова е прво континентално злато во нивниот трети обид.

М.П.