Деновиве во Македонија престојува висока делегација на Вировитичко-подравската жупанија од Хрватска, како земја партнер за организација на Меѓународниот саем за економија, занаетчиство и земјоделство “ВИРОЕКСПО 2011” што ќе се одржи од 21 до 23 јануари 2011 година во Вировитица,Република Хрватска.

Во рамки на посетата на Република Македонија, високите гости од Хрватска денес ќе престојуваат и во Охрид. На средбите со градоначалникот Петрески и претставници на бизнис заедницата ќе им бидат презентирани можностите на Охрид за меѓусебна соработка, особено во областа на туризмот.

OhridNews