Вториот полуфинален натпревар помеѓу Хрватска и Англија кој ќе се одигра во 20 часот во Москва ќе го даде вториот патник во големото финале на Светското првенство во Русија. Првиот финалист е Франција која синоќа со 1-0 ја совлада Белгија.
Англичаните после победите во осминафиналето над Колумбија и над Шведска во четвртфиналето ги зафати еуфорија, а речиси иста е ситуацијата во хрватската селекција која ги помина Данска и Русија во осминафиналето односно четвртфиналето.
Полуфиналниот дуел во Москва ќе го суди турскиот арбитар Чунејт Чакир, а натпревар почнува во 20 часот.
OhridNews