Хрватскиот селектор Славен Билиќ на попладневната прес конференција и дефинитивно објави дека напаѓачот Младен Петриќ нема да биде во комбинација за саботниот квалификациски дуел против Македонија.

Играчот на Базел во текот на викендот во куп натпреварот против Арау го повреди лигаментите на глуждот.


Неиграњето на Петриќ му носи проблеми на Славен Билиќ , бидејќи токму овој играч во изминатиов период играше во голема форма , со што кон себе го сврти вниманието на неколку големи Европски екипи.

На местото на Петриќ како партнер на Едуардо да Силва во нападот Билиќ ќе избира помеѓу Ивица Олиќ ,Бошко Балабан и Игор Будан.

Ненад Цветанов