На нешто помалку од една недела до стартот на квалификациските мечеви за мундијалот во Бразил, најдобриот хрватски фудбалер од последниот континетален собир Марио Манџукиќ изјави дека мечот со Македонија е еден од најзначајните.

– Атмосферата во селекцијата и понатамошнио тек во групата зависат најмногу од дуелот со Македонија. Јас како фудбалер и спортист никого не потценувам и секој меч го играм како финале – истакна новиот фудбалер на “баварците“ Марио Манџукиќ.

Селекторот на Хрватска, Игор Штимац против Македонија ќе има деби на официјален меч после превземањето на функцијата.

Ги гледавме снимките од мечевите со Португалија и Литванија. Во текот на целиот меч знаат што сакаат и брзо се трансформираат. Исто како и ние и тие имаат нов селектор кој направи неколку ротации во селекцијата и сигурно ќе донесе повеќе самодоверба. Се` на се не очекува одличен натпревар на “Максимир“ – потенцираше Штимац.


Македонија првиот натпревар од групата го игра в петок против Хрватска додека четири дена подоцна му гостува во Шкотска.

Мх.П.