Потпретседателот на хрватската ракометна федерација, Зоран Гобац ја обвини Данска дека ждрепката за групите на Европското првенство е наместена.


Селекцијата домаќин на континенталниот собир во групата се најде со Македонија, Австрија и Чешка додека „коцкастите“ имаат делаку потешка група Црна Гора, Шведска и Белорусија.

– Не ни почна првенството, а тоа веќе е наместено. Домаќинот си намести лесни противници на стартот, а потешките ги остави за крајот. Вакво нешто не може да се случи на фудбалско или кошаркарско првенство во Европа. Не требаа да се играат квалификации, кога се е направено како што сака домаќинот, кој патем е и голем спонзор на ЕХФ –
рече Гобац.

Мх.П.