Фудбалската репрезентацијата на Македонија во првите два квалификациски меча покажа дека нема да е лесен залак за противниците во групата А. “Црвено жолтите“ во премиерата претрпеа минимален и во голема мера несреќен пораз од Хрватска додека во второто коло пропуштија одлична можност да ја нокаутираат Шкотска на домашен терен.


Добрата игра на Македонија на хрватскиот стадион “Максимир“ го поколеба селекторот на хрватите Игор Штимац и во составот за престојниот дуел со Македонија го повика натуилизираниот хрват Самир кој игра во редовите на Динамо Загреб.


Јавноста во Хрватска е поделана околу повикот на Самир во селекцијата. Фудбалерот на Динамо Загреб долго време беше под дисциплинска постапка поради недисциплина во тимот, а за награда Штимац го повика да дебитира во “коцкастиот“ дрес.

Списокот на Штимац за натпреварите со Македонија и Велс :

Голмани: Плетикоса, Субашиќ, Крешиќ.

Одбрана: Чорлука, Срна, Шимуниќ, Шилденфелд, Стриниќ, Вида, Ловрен, Памиќ.

Среден ред: Ракитиќ, Бадељ, Крањчар, Вукојевиќ, Модриќ, Иличевиќ, Перишиќ, Радошевиќ, Самир.

Напад: Едуардо, Манџукиќ, Олиќ, Јелавиќ, Калиниќ, Вукушиќ. 

Мечот помеѓу Македонија и Хрватска се игра на 12 октомври на националната арена “Филип Втори“.

Мх.П.