Голем потрес, шок и неверување имаше во хрватската спортска јавност, откако бронзениот медал од Мундијалот во Франција 1998 година осамна на аукција на интернет. Хрватите, по обелоденувањето на информацијата веднаш покренаа истрага и стигнаа до резултат, дека ниту еден фудбалер кој бил дел од составот не го продавал медалот.

Бронзениот медал од 1998 година не го продава ниту еден член од стручниот штаб, туку колекционер кој медалот го купил од некој преставник од ФИФА. Светската куќа на фудбалот произведува 40 одличја, на репрезентацијата во случајов на Хрватска им биле поделени 30 медали, а останатите 10 биле распределени на функционире во ФИФА кои биле заслужни за добрата организација на Мундијалот.

  • Она што можеме да го кажаме и потврдиме дека медалот го продава еден од водечките колекционери од крајот на Хрватска. Тој го купил пред 10 години од еден преставник на ФИФА. – изјавиле од аукциската куќа која го продава медалот.

Продавањето на медалот наиде на голема осуда кај хрватските репрезентативци кои пред 20 години биле дел од репрезентацијата и селекторот Чиро Блажевиќ.

Во малото финале „коцкастите“ со голот на Давор Шукер ја совладаа Холандија и го освоија бронзениот медал и приредија тогаш најголем успех. Ова достигнување беше најголем успех до летово, кога Хрватска, овој пат предводена од Модриќ, Раќитиќ, Манџуќиќ стигна до финалето, каде што загуби од Франција.

OhridNews