Хронолошки подредени случувањата поврзани со руско-украинскиот конфликт од вчерашниот ден – 26 февруари 2022.

  • Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вечерва нагласи дека Брисел ќе предложи замрзнување на средствата на руската централна банка, како засилени санкции против Москва по инвазијата врз Украина.
    Украина ќе формира „ИТ армија“
  • Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел вечерва најави дека ЕУ ќе и помогне на Украина и во одбраната.
  • Украина ги затвора границите со Русија и Белорусија, изјави украинскиот премиер Денис Шмихаил.
  • Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе се состанат утре откако Европската унија се соочи со зголемени повици од Киев да се засили воената поддршка и да се заострат санкциите кон Русија по нејзината инвазија врз Украина.
  • Урната официјалната веб-страниа на Кремљ
  • Бајден: Имаме две опции, една од нив е трета светска војна
  • Германија ќе и испорача на Украина 1.000 парчиња противтенковски орудија и 500 ракети земја-воздух „Стингер“ од резервите на Бундесверот за да може оваа нападната земја да се одбрани од руската инвазија, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.
  • Повеќе од 150.000 луѓе досега ја напуштиле Украина, соопшти денеска високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.
  • Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска во Берлин ја осуди „големата себичност“ на некои западни земји, „вклучувајќи ја и Германија“, по руската инвазија на Украина.
  • Британски тенкови пристигнуваат во Естонија како дел од потезите на НАТО за зајакнување на нејзиното источно крило по руската инвазија на Украина.
  • Руските сили почнаа денеска да напредуваат во Украина, откако претседателот Владимир Путин воведе прекин во офанзивата еден ден претходно, очекувајќи разговори со Киев кои не се одржаа, објави Кремљ.
  • Главната опозициска партија во Велика Британија го повика премиерот да го протера рускиот амбасадор.
  • Дејвид Лами, пратеник на Лабуристичката партија, во изјава за Индепендент, нагласи дека амабсдорот на русија во Лондон, Андреј Келин треба да биде протеран.
  • Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко најави денеска дека ќе се заостри полицискиот час во главниот град на Украина. Според него, прекршителите ќе се сметаат за „непријатели“.
  • Санкциите воведени против Русија нема да сменат ништо, операцијата да се заштити Донбас ќе биде спроведена во целина, изјави денеска заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитри Медведев.
  • Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) соопшти дека повеќе од 120 илјади украински бегалци ја напуштиле земјата откако Русија ја започна воената интервенција.
  • Украинскиот министер за здравство Виктор Лиашко изјави дека 198 Украинци се убиени, меѓу кои и три деца, откако Русија ја почна инвазијата врз својот западен сосед во четвртокот. Во објава на Фејсбук, Лиашко исто така вели дека 1.115 Украинци се ранети, меѓу кои 33 деца, во тридневните борби.
  • Руските власти им порачаа на медиумите во државата да не користат зборови „инвазија“ и „напад“.
  • Светот мора да се подготви за долга војна меѓу Русија и Украина откако Москва започна инвазија на својот прозападен сосед, предупреди денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

OhridNews