Синоќа во с.Црничани-Дојран, дошло до несреќен случај во кој од струен удар починал брачниот пар Јоже Д. (38) и Даниела Д. (33).

Имено, тие вршеле наводнување на земјоделски култури во пластеници, при што поради слаба видливост вклучиле сијалици  инсталирани со обичен кабел, кој на едно место бил оштетен, при што Јоже се фатил за жицата и задобил струен удар. Даниела пришла да му помогне, но откако го допрела и таа  задобила струен удар, од што и двајцата починале. Лицата се пренесени во МЦ-Гевгелија, каде е констатирана смрт.

Увид на лице место извршила екипа од ПС-Гевгелија. По наредба на Истражен судија над телата на починатите ќе се изврши обдукција.

Во друга несреќа, што се слушила утрово околу 7 часот на патот Гевгелија – Смрдлива вода, 27-годишник изгоре во својот автомобил „ланчиа“ откако удрил во бетонски канал, по што возилото се запалило.

Полицијата работи на утврдување на причините за трагедијата.

OhridNews