На денешната седница Владата ги усвои предлозите на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, според кои, вработените лица кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести да се вратат на своите работни места и редовно извршување на работните задачи. Исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза на егзацербација (влошување) и за оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување.

Бремените жени ќе продолжат да ги користат мерките донесени од страна на Владата.

Исто така, Владата ги усвои предлозите во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19. Согласно истите, медицинска потврда со негативен резултат од PCR SARS-CoV-2 тест за деца, ќе се приложува кога детето има над 10 години.

Државјаните на Република Косово, пак, кои влегуваат на територија на нашата земја од копнен граничен премин задолжително ќе треба да приложат медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CiV-2 тест, направен 72 часа пред влез на македонска територи и во случај на транзитирање низ државата.

OhridNews