Некогашниот македонски репрезентативец (48 меча) и сè уште најдобар стрелец во црвено-жолтиот дрес (16 гола), играјќи за Пелистер, за кој како тинејџер настапи на 33 прволигашки средби во две сезони постигна вкупно седум гола.
Во интернационалната кариера Христов играше за Партизан (Србија), Барнсли (најскап играч во историјата на тој англиски клуб), НЕЦ Најмехен, Цволе, Ден Бош (трите од Холандија), Данфермлајн (Шкотска), Дебрецин (Унгарија), Хапоел Назарет (Израел), Олимпијакос (Кипар) и Баку (Азербејџан), а на чекор беше до трансфери и во Рапид Виена (Австрија) и Ники Волос (Грција), за кои играше само пријателски средби.
Од успесите се издвојуваат двете српски титули со Партизан и младинските купови на Македонија со Пелистер.