Климатските прилики ќе бидат најголемата предност за домашниот тим Биркиркара од Малта кој е домаќин во првиот меч од првата рунда во Лигата Европа. Противникот е солиден, европски поискуен, повисоко пласиран од Металург на ранг листата.
–
Мојот став е јасен нема изговори, нема оправдувања, ние сме задоволни, но според информациите кои ги имаме и тие се задоволни со тоа што не добија за противник. Сепак најважно како ние како ќе пристапиме, се надевам дека играчите се доволно свесни да знаат да ја искорстиат оваа шанса и да влезат во историјата на клубот, бидејќи по двата неуспеха ова е вистинска можноста да го минеме првото коло. Има играчи кои беа директно инволвирани и кои знаат колку е важно да се играат вакви натпревари. Сега сме пред тој испит кој очекувам да го решиме – вели стратегот на Металург, Ѓорѓи Христов.
Мал проблем според Христов може да биде и времето на играње на мечот, 19 часот по локално време, односно 18 по македонско.
– Но и тој момент не треба да не оптоварува, оние кои не се сигурни во себе калкулираат со времето и со термините. Ние мора да се фокусираме на нашата игра и нашата играчка физиономија – завршува Христов.
Металург на подготовките во Охрид одигра два натпревари против албанскиот Фљамуртари, забележувајќи еден пораз и едно реми, на последната контрола против Ренова во Куманово одиграа 1-1.
Ова е трет настап во Лигата на Европа. Во ниту еден од досегашните обиде не ја мина првата пречка. Првиот пат беа елиминирани од азербејџанскиот Карабах, додека лани претпреа елиминација од Локомотив од Софија.
фото Емилио
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com