Од трибините во Охрид младинското фудбалско финале го проследи вториот стрелец на македонската репрезентација, Ѓорѓи Христов, кој присуствуваше во улога на координатор на младинската школа на ФК Металург.
–
Едно финале кое вреди да се гледа, поготово што сега сум активен во работата со млади категории. Има што да се види, доста играчи ги пратиме подолго време и не е прв пат да ги гледаме. Во секој случај како битолчанец навивав за Пелистер но Ренова беше многу подобар противник и сосема заслужено ја освои титулата – рече Христов.
Христов кој од неодамна е во скопски Металург очекува со текот на времето младите фудбалери во клубот да почнат да се наметнуваат за место во првиот тим.
–
Како што клубот расте од месец во месец така се развива и младинската школа. Спонзорот, управата се свесни дека е потребно е да се посвети внимание на сопствен кадар, на производство на млади играчи и мене ми е мило што во Македонија има некој што така размислува. Се надевам дека во иднина ќе направиме нов Пандев, па зошто да не и подобар од Пандев кој во моментов е најдобар наш играч. Треба многу трпение, работа, но плановите се долгорочни имаме добра екипа имаме одлични услови, а јас сум оптимист и се надевам дека за неколку години Металруг ќе има од каде да црпи фудбалери – истакна Христов.
фото Емилио
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com