Ѓорги Христов поднесе оставка и замина од клупата на Металург. Дебаклот во четвртфиналето од Купот на Македонија и серијата слаби резултати во елитното друштво го натераа битолчанецот да се раздели од “металурзите“.

По 15 одиграни натпревари екипата на Металург се наоѓа на четвртата позиција со седум  бодови помалку од лидерот Вардар.

Ако до почетокот на викендов “зелените“ ангажираат нов тренер, тој ќе дебитира во Штип против тимот на Брегалница.

Мх.П.