Биењето на камбаните во храмовите на Македонската православна црква, точно на полноќ, ја најавија радосната вест за воскресението Христово. Илјадници верници ги посетија црквите и манастирите во Охрид, а најмасовно Велигден беше одбележан во Свети Климентовиот храм Св. Пантелејмон на Плаошник.
Со празничната богослужба чиноначалствуваше митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј кој им ги честита Велигденските празници на бројните верници.
Пред верниците беше прочитано Велигденското послание на Поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан, во кое тој повикува на мир, љубов, толеранција и на чување на верата.
Велигден во Охрид го дочекаа и голем број гости од земјава и соседството.
Г.М.
Фото: Бобан Стојаноски