Биењето на камбаните во храмовите на Македонската православна црква, точно на полноќ, ја најавија радосната вест за воскресението Христово.
Илјадници верници го исполнија Свети Климентовиот храм Св. Пантелејмон на Плаошник, каде со разничната богослужба чиноначалствуваше митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј.
Величествена атмосферата беше и во црквата Св. Никоа во долна влашка маала каде, исто така, голем број верници присуствуваа на Велигденската богослужба.
Велигден величествено одбележан во Охрид. Фото: Кристијан Котевски
Традоционално свечено беше и во црквата Св. Богородица Каменско, каде Велигден го дочекаа голем број верници и гости.
Пред верниците беше прочитано Велигденското послание на Поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан, во кое тој повикува на мир, љубов, толеранција и чување на верата.
Велигден во Охрид го дочекаа и голем број гости од земјава и соседството.
OhridNews
Видео: Крсте Симиџиоски