Точно на полноќ свештените лица во сите цркви и манастири во Македонија ја соопштија радосната вест за воскресението Христово. Илјадници верници  ги посетија храмовите на Македонската православна во Охрид, каде централната богослужба се одржа во Свети Климентоавиот храм Свети Пантелејмон на Плаошник. Со богослужбата чиноначалствуваше митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј кој им ги честита  Велигденските празници на бројните верници меѓу кои имаше и многу познати лица од политичкиот и јавниот живот.


Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Ohridnews