По повод големиот православен празник, честитка до верниците испрати поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан:
На овој ден се потсетуваме на Христовата порака: „Ќе имате маки но не бојте се зашто јас го победив светот“. А, тоа значи дека како народ кој е изложен на постојани неправди да бидеме трпеливи и достоинствени, да живееме со надеж и верба дека не на силните и злотворците, туку на кротките и мудрите им се ветени деновите на вечноста. Бог е со оние што ја бараат и чуваат правдата. Тој тоа го покажал раѓајќи се како вистински човек пред дваесет столетија. Тој тоа го потврдува постојано кон оние што вистински го љубат и му служат. Затоа да бидеме народ во чии души постојано ќе се раѓаат радостите од богораѓањето за да можеме вистински да го дочекаме и да му се радуваме и на овој Божик и на сите празници и денови. Амин.
Христос се роди! Христос се роди! Христос се роди!
За многу години!
Ohridnews