Православните христијани денеска го слават Христовото раѓање – Божик, еден од најрадосните празници. Традиционално тие големиот празник го дочекаа со богата посна бадникова трпеза.

По повод Божик во црквата Св. Ѓорѓија во Влашка маала утрово ќе се одржи света архиерејска литургија на која верниците кои според обичајот ги постеа божикните пости ќе ја примат светата причест. Богослужби ќе има во сите парохиски цркви, освен на Плаошник.


Покрај одењето во црква традиција за Божик е да се подготви богата трпеза на која се собира целото семејство.

Божик, според црковниот календар, се празнува три дена.

Христос се роди! Вистина се роди!

OhridNews