Православните христијани денеска го слават Христовото раѓање – Божик, еден од најрадосните празници. Традиционално тие големиот празник го дочекаа со богата посна бадникова трпеза.

По повод Божик во црквата Св. Ѓорѓи, денеска со почеток во 8.45 часот, ќе се одржи света архиерејска златоустова литургија. Рожденството Христово со литургија ќе се одбележи во сите охридски цркви од 8.30 часот, освен на Плаошник.

Покрај одењето во црква традиција за Божик е да се подготви богата трпеза на која се собира целото семејство.

Божик, според црковниот календар, се празнува три дена.

Бадник, Божиќ, верувања и обичаи