Охридското основно училиште „Христо Узунов“ е регионален победник во футсал на турнирот, кој се одржа во Кичево.
Со освојувањето на првото место „Христо Узунов“ ќе учествува на републичкото првенство каде што ќе бидат најдобрите школи од цела Македонија.
До триумфот во регионов охридските преставници стигнаа со три победи во исто толку натпревари. Прва жрвтва беше тимот од Гостивар, кој беше соблада со убедливи 9-1.
Во полуфиналето охриѓани беа подобри од домаќинот 4-1, а во финалето учениците од „Христо Узунов“ уште еднаш ги преслушаа гостиварчани.
Наградата за најдобар стрелец замина во рацете на Александар Георгиески, кој постигна осум погодоци.
Мх.П.