Љубителите на театарот во Охрид синоќа во Центарот за култура имаа можност да ја проследат монодрамата “Морничавата исповед на една Егејка”, што ја изведе актерката Христина Цветаноска. 


Монодрамата е адаптација на романот “Небеска Темјановна ” од Петре М. Андреевски, што ја направија охридскиот писател Славе Ѓорѓо Димоски и актерката Цветаноска, додека режијата е на Анета Јованоска.


Изведбата на монодрамата “Морничавата исповед на една Егејка”, е продолжение на активностите на Црвен крст – Охрид во насока на поттикнување и развивање на  хуманите вредности преку културните настани.

Ohridnews