Најновата книга  на Гоце Ангеличин – Жура “Христијански храмови и свети места во Охридско“ беше промовирана за Велигденските празници.

Во книгата се опфатени сите култни места, сакрални објекти во околината на Охрид, од доаѓањето на Светите Климент и Наум на овие простори во 10 век се до најновите цркви од  20 век. Застапени се цркви кои досега воопшто не се биле предмет на научни истражувања  и сите стари култни места кои постоеле некогаш и каде што нашите предци  палеле свеќи и се одржувало македонското православие, вели авторот.

Книгата е илустирана со 150 колор фотографии. Светите места хронолошки се опфатени по азбучен ред од А-АРбиново до Ш-Шипокно и ги покрива сите 56 села во охридско, кои се прикажани на  карта која се наоѓа на крајот од книгата.


0д промоцијата

Книгата “Христијански храмови и свети места во Охридско“ од Гоце Ангеличин -Журa е еден вид прирачник на археолозите и историчарите на уметност.

Таа претствува прегледен систематизиран каталог на христијански храмови и свети места во охридско.  Резултат е на собирање податоци и теренски истраувања на околината во охридско, суптилна активност која денеска не мошне прифатена. Гоце Жура е еден од најревносните теренски истражувачи. Тој ги проучувал пештерните цркви и храмови, а со оваа книга прави едно заокружување на оваа територија во охридско, рече промоторот, професор Димитар Пандев.

Книгата “Христијански храмови и свети места во Охридско“ од Гоце Ангеличин -Жура, која   претставува  предизвик на секој љубител на културното богатство. Издавач  е  “Маседониа прима“ а рецензент е Паско Кузман.

Г. Момироски