Припадниците на Муновата Унификациона црква организирале церемонија на голем број венчавки во Јужна Кореја каде истовремено 3500 парови стапиле во брак. Во центарот Цеонгшим во Гапјуенг, 37 милји североисточно од Сеул, припадниците на црквата направиле посебна церемонија која ја водела Хак Ја-ха, вдовицата на основачот на црквата Сун Мјунг Мун. Преку видео линк се венчале уште 24 илјади припадници на оваа црква.

Мун ја основал црквата во 1954 година, а во 1992 се прогласил себе и својата сопруга за месии. Тој досега два пати организирал масовни венчавки, и тоа двата пати во Вашингтон. Неговиот син Хјунг Јин сега го презел водењето на црквата. Иако од црквата кажуваат дека имаат преку 3 милиони следбеници, бројките зборуваат дека ги нема повеќе од сто илјади. многумина сметаат дека оваа црква е една од најопасните секти.