Бројот на христијани во Европа и покрај вкупното зголемување на нивниот број од 600 милиони во 1910 година на 2,18 милијарди во 2010 година, опадна од 66 на 25 отсто, покажува извештајот направен врз основа на демографските податоци од 200 земји, пренесува „Макфакс“.

Сега пет од 10 држави со најбројно христијанско население се наоѓаат во Африка и Азија, Нигерија, Демократска Република Конго и Етиопија, како и Филипини и Кина.

Студијата, исто така, открива дека во Потсахарската Африка е забележан најголемиот скок на следбениците на христијанството, од 8,5 милиони пред 100 години на повеќе од 516 милиони денеска.

Најмногу христијани има во САД, Бразил, Мексико и Русија, а најмалку на северот на Африка и Блискиот Исток, од каде оваа религија, колку и да е апсурдно, има потекло, каде има 13 милиони и каде сочинуваат околу четири отсто од популацијата.

Посебно е интересно што во Индонезија, земјата во која муслиманите се мнозинство, има повеќе христијани отколку во сите 20 држави на северна Африка и Блискиот исток.

Во Кина има 67 милиони христијани, иако е тоа само пет отсто од нејзиното население. Демографите пресметале дека половина од сите христијани се католици, 37 отсто се протестанти, 12 отсто православни и еден отсто останати, на пример мормони.

OhridNews
извор: „Макфакс“