Фудбалскиот клуб Воска Спорт продолжи со активностите на трансфер пазарот, доведувајќи го дефанзивецот Христијан Гроздановски во своите редови.
Гроздановски на „Грашница“ се сели од Работнички каде ја помина минатата сезона. Претходно, дефанзивецот настапуваше за Силекс, Гостивар, Младост Царев Двор и Новаци.
Гроздановски ќе има задача да командува со одбраната и сигурно ќе има една од важни улоги кај тренерот Раде Цицмиловиќ. Воска Спорт до сега се засили со повеќе од десеттина фудбалери.
Новата сезона во Втората лига започнува на 21 август.
OhridNews