Зголемувањето на уделот на влакна во исхраната може да доведе до намалување на ризикот за болести на срцето, утврдиле британски научници.
Срцевите заболувања се причинител за можеби и најголемиот број на смртни случаи на светот, а хроничните срцево-болни се тежок товар на секој здравствен систем, па не не зачудува тоа дека секоја влада се обидува со едуцирање на населението да го спречи растечкиот тренд на овие болести кои започнуваат се порано.
Затоа истражувачи од University of Leeds анализирале податоци собрани од Европа, Сад, Австралија и Јапонија.
Се покажало дека до намалување на ризикот за болести на срцето доаѓало после зголемување на внесот на влакна за само 7 грама, пишува научното списание БМЈ.
Најдобар извор на влакна се интегралните житарки, овошјето и зеленчукот, а препораките на експертите за вкупниот дневен внес на влакна се движат од 20 до 38 грама.