Здравата храна ќе ви ја даде потребната енергија и поволно ќе влијае врз целиот организам, а ако ја воведете во исхраната, голема е веројатноста дека никогаш повеќе нема да мора да држите диета бидејќи со урамнотежена исхрана лесно ќе ја одржувате саканата телесна тежина.

Еве што препорачуваат експертите:

Авокадо – вистина, има повеќе калории, но воедно и толку влакна и добри масти што долго ќе ве одржуваат сити. Можете да го јадете и во различни комбинации на салати.

Грав – фантастичен протеин без холестерол и маснотии, а со богатство на влакна, калиум, магнезиум и железо. Ја одржува телесната тежина, превенира болести на срцето, дијабетес и рак на дебелото црево.

Кикирики- многу слични хранливи материи како и оние во гравот, преполни со незаситени масти, а покрај тоа се богати со силни антиоксиданти кои ќе го одржуваат здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Ореви – како што сугерира изгледот, овие плодови го чуваат вашиот мозок, а високиот процент на добри масноти и витамин Е ќе има корисен ефект на целото тело.

Зобни снегулки – најдобар избор за доручек, се разбира во интегрален облик, бидејќи покрај влакната кои го задржуваат чувството на ситост содржат и витамин Б1 и железо.

 

извор:metro-portal.hr