Некои намирници со својот состав едноставно предизвикуваат такви реакции на телото, што депресијата е неизбежна доколку постојано ги консумирате.
Храната може да ни донесе многу добро, но и лошо, а освен што со прекумерното јадење ќе ја расипеме линијата, можеме да дојдеме и до депресија, покажале истражувања на американски научници кои потенцираат три видови храна – тестенините, брзата храна и газираните пијалоци.

Тестенината е омилен оброк на сите кои немаат премногу време, но експертите предупредуваат дека тоа би требало значително да се проретчи за да немаме проблеми со здравјето. Имено, белото брашно и белиот ориз се таканаречени воспалителни намирници кои можат да се поврзат со депресијата кај жените постари од 50 години.

Имено, оваа храна ги поттикнува воспалителните процеси во телото и на крај имате многу поголем ризик за депресија од луѓето кои поздраво се хранат. Посебно е опасна консумацијата на комбинација на производи од бело брашно со газирани пијалоци.

Уште поголема веројатност за депресија имаат луѓео кои јадат брза храна, дури 51%,а овој процент не дискриминира ниту по години ниту по пол. Во брза храна ја вклучуваат пицата, хамбургерите, хот дог и пекарски производи.

Затоа, кога следниот пат ќе ве обземе глад, најлоша работа која можете да ја направите е да навратите во најблиската пекара или продавница за брза храна и сето тоа да го залиете со некој газиран пијалок, па размислете!

 

извор:metro-portal.hr